Почнува голема акција за пошумување, ќе се засадат 1,2 милион садници во 19 региони

Започнувањето на голема акција за пошумување во која до март 2024 година ќе се засадат 1,2 милион садници во 19 региони низ државата вчера заедно го најавија министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, министерката за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова, деканот на Факултетот за шумарски науки пејзажна архитектура и екоинжирнг „Ханес Ем“, Кирил Сотировски, директорот на ЈП Национални шуми, Валентин Груевски и претставници на општествено одговорни компании и граѓански организации.

Како Министерство, порача Николовски, наша задача, но и на сите нас како граѓани, е да се грижиме и да ги чуваме нашите шумски убавини и редовно да вршиме обновување со нови садници.

– Еден милион и двесте илјади садници ги предвидуваме за пошумување во годинашната голема акција за пошумување во 19 региони, на 36 локации низ државата. Годинашната акција, која започнува од овој месец и ќе трае се до март 2024 година, опфаќа пошумување на површина од над 400 хектари со повеќе различни видови садници како бел и црн бор, јавор, багрем, смрча, даб, чемпрез, јасен, костен и ела – истакна министерот Николовски.

Leave a comment