ВИДЕО: Денот кога Дарко Панчев го даде првиот европски гол на „Градски“

Името на Дарко Панчев ќе остане засекогаш запишано како „Златна копачка“ и „Сребрена топка“ на Македонија. Фудбалерот на векот на денешен ден во 1986 година тргна на патот кон успехот, кога го постигна првиот европски гол во дресот на Вардар.

Популарната „Кобра“ успеа да постигне погодок на мечот против шкотски Данди Јунајтед во рамки на тогашниот Куп на УЕФА (1-1). По елиминацијата на романски Динамо Букурешт, Вардар го дочека Данди во Скопје и одигра допадливо.

Резултатот на мечот во 14. минута го отворија гостите преку Хегарти, додека Панчев израмни во 24. минута на 1-1. Овој натпревар беше реванш по поразот во Шкотска (0-2) и така Вардар ги заврши европските настапи.

Панчев по првиот европски гол растеше како играч, уриваше рекорд по рекорд, за зенитот во кариерата да го достигне во Црвена Звезда со која во 1991 година стана европски и светски шампион.

Leave a comment