Сања Лукаревска на падобранци и орасници во познатата слаткарница Ригара

🧁Денеска се засладив со познатите падобранци и орасници подготвени од вештите раце на слаткарот Шенол Хаџи во познатата слаткарница Ригара, мало парче од историјата во старата чаршија во Скопје. Шенол е слаткар веќе ”трето колено”.

Бизнисот го започнува неговиот дедо во 70-те години на минатиот век. Чесен и вреден човек кој со љубов ја работи својата професија, и кој редовно си ги плаќа давачките на државата, пример за сите стопанственици.

Не дочека со благо кафе, не испрати со позитивни мисли, и не наполни со убава енергија

Leave a comment