Нусрет Агуши е јорганџија. Петнаесет години професионално се занимава со изработка на јоргани. Вели дека многу тешко се опстојува. Оваа професија не е семеен бизнис, влегол сосем случајно во неа и работи веќе долги години.
– Не знам дали некој ќе ме наследи, катастрофални се условите во земјава. Апелирам до граѓаните ако имаат јоргани со памук и волна да не се фрлаат да ги донесат за да се преработат и од стари ќе имаат нови јоргани. Се се менува само полнењето останува- вели Агуши.
Според него синтетиката не грее, природниот јорган е наследство не се фрла.
Машината на која работи е стара 35 години, наследство е од човекот кој му го предал занаетот. За Слободен печат вели дека за еден јорган потребна е една недела.
