ЈП Стрежево ги подготвува ски терените на Нижеполе за претстојната зимска сезона

Стрежево ги подготвува ски терените за престојната зимска сезона

Јавното претпријатие “Стрежево” ги презема сите чекори за успешна и континуирана скијачка сезона. Нашите екипи продолжуваат со засилени технички подготовки и активности за престојната зимска сезона.

Љубителите на зимските спортови и зависниците од зимскиот адреналин ќе се воодушевуваат на беспрекорно уредени падини и патеки, а ски-лифтот ќе биде достапен и за љубителите на ноќното скијање.

Конкретните подготвителни активности се однесуваат на уредување на скијалиштето со сопствена механизација, подготовка на ски лифтовите за технички прием и редовно сервисирање, a со цел нашите корисници да можат целосно безбедно да скијаат.

Го уредуваме паркинг просторот и урбаната опрема, вложуваме во материјали за подобар визуелен изглед на објектот и ги подобруваме санитарните и хигиенски услови.

Ски- центарот “Нижеполе” престојната зима ќе добие уште подобар лик и се надеваме на магична зимска бајка во периодот што следи и успешна скијачка сезона.

Leave a comment