Каква приказна од фудбалот: Ќе патуваат над 30.000 километри за меч во Купот

Фудбалот често ни носи интересни приказни, а најновата доаѓа од Франција каде клуб ќе мора да помине неверојатна далечина за да игра натпревар во Купот на Франција.

УС Тионвил и Хиенген Спорт ќе се сретнат на 18 ноември во рамки на првата рунда од Купот на Франција. Затоа што се работи за нисколигаши, тие ќе играат во најраната фаза од натперварувањето.

Тионвил е член на Насионал 3 лигата, која е петти ранг во францускиот фудбал и се смета за аматерски, додека Хиенген Спорт е екипа од Нова Каледонија, инаку држава во Океанија. А, како тим од Нова Каледонија игра во Франција?

Федерацијата дозволи во Купот да играат држави кои имаат посебно место во статутот на земјата. Во 2014 година во Нова Каледонија имаше референдум дали државата ќе се осамостои или ќе остане под капата на Франција, па тој пропадна и државата остана француска.

Така, аматерската екипа на Тионвил ќе патува на гости во Нова Каледонија. Поради мечот во Купот на Франција, тимот ќе мине преку 30.000 километри. Тионвил од Нова Каледонија е оддалечен 16.315 километри, а мечот ќе биде вкупно 32.530 километри.

Leave a comment