„Ај Леле“ е новата песна на 2Бона и Слаткаристика. Оваа веќе позната (добитна) комбинација со допирни точки во доменот на музичкиот сензибилитет повторно со нова песна и потенцијален хит. Нивните претходни песни „Дијаманти“ и „Главо Луда“ што може да ги дефинираме како хитови, заедно бројат повеќе од 16 милиони прегледи.
Песната „Ај Леле“ заедно со видео спотот е обајвена на 5 ноември 2023 на Јутуб каналот на Горила ТВ (Gorilla TV). Фановите кои ја слушаат нивната музика на Спотифај (Spotify) имаа шанса да ја слушнат песната 24 часа пред да биде официјално објавена на Јутуб.
Некои би рекле дека времето на Слаткаристика помина, но тој повторно се враќа со истата енергијата каква што ја имаше и пред десет години. Тој со својата музика ја обележа послената деценија на поп-рап музиката. Може слободно да се каже дека тој е еден од малкуте музичките ѕвезди во Македонија. За нас, тој е македонскиот Еминем (Eminem), можеби не според музичкиот сензибилитет отколку за неговата приказна поврзана со музичката кариера.
2Бона, како што некои милуваат да кажат, се од поновата генерација. Тие честопати кажувале дека се израснати со музиката на Слаткаристика и сите други хип-хоп артисти во тоа време.
