Популарната женска група „Тhe Frajle“ на сите стриминг платформи и на радио-станиците во регионот ја промовира новата песна „Моје душе душа“. За почетокот на есента, девојките нудат песна која зборува за љубовта на душата, која носи нежност и емотивност и зрачи со светлост и надеж.
Текстот за песната го напиша Јелена Буча, а автор на музиката е Невена Буча. Аранжманот и продукцијата се на Махир Сарихоџиќ.
Во текот на летото „Фрајле“ беа многу активни, одржувајќи концерти ширум регионот, а сега интензивно работат на нов албум, на кој ќе се најде и песната „Моје душе душа“.
