Во еден ден две важни одлуки за лозарите.
Владата го усвои новиот Закон за вино, кој е целосно усогласен со одредбите од европското законодавство. Со овој закон за прв пат се утврдува производната цена по килограм, најдоцна до 15 јули во тековната година и тоа за најмалку две најзастапени сорти. Преку новиот Закон за вино се заштитуваат и географските ознаки, традиционалниот назив на виното на национално и меѓународно ниво се заштитува со традиционална ознака.
Над 4 милиони евра ставаме на располагање како дополнителна поддршка за лозарите. Денеска заедно со подсекторската група донесовме одлука за поддршка на лозарите, преку 2 мерки и тоа 12.000 денари по хектар поддршка за произведено винско и за прв пат трпезно грозје, и втора мерка, дополнителни 1 денар поддршка по килограм предадено винско грозје.
Дополнително, со примената на новиот модел за субвенционирање, лозарите до крајот на година ќе добијат 30% авансна исплата на субвенциите, а остатокот, традиционално како и секоја година на св.Трифун.
