Партибрејкерс, Психомодо Поп и Деца из воде за 30 години Авалон во МКЦ

BACK TO MKC!

ЗА ФИНАЛНО ЗАТВОРАЊЕ НА КРУГОТ ВО ХРАМОТ НА АНДЕРГРАУНДОТ И ДОБРАТА СВИРКА ВО СКОПЈЕ!

ПАРТИБРЕЈКЕРС – 22 ДЕКЕМВРИ

ПСИХОМОДО ПОП – 21 ДЕКЕМВРИ

ДЕЦА ИЗ ВОДЕ + ЖИКА ТОДОРОВИЌ – 20 ДЕКЕМВРИ

После првите концерти во Куршумли Ан, следната станица на возот наречен Авалон, кој брзо и нетрпеливо, но дефинитивно незапирливо доаѓаше, во 1993та година беше МКЦ.

Искрено, после Куршумли Ан, работите не ни беа баш јасни.

Се’ стана јасно со концертите кои следеа во МКЦ.

Едноставно, славењето на 30 години Авалон Продукција не е реално без враќање на местото каде се’ започна, со светото тројство на ,,нашата музика” – Партибрејкерс, Психомодо Поп и Екатерина Велика.

Додека првите две имиња ама навистина и со својата креативност и квалитет имаат континуитет и и денес се на ниво како во 1993та година – Партибрејкерс и Психомодо Поп, од Екатерина Велика во моментов можеме да земеме само дел преку проектот кој за нас е од голема вредност, Деца из воде + Жика Тодровиќ, кој ќе не’ потсети на тоа што го живеевме со ЕКВ, додека Mилан, Mаги и Бојан беа со нас.

Задоволство ни е да ви ги најавиме следниве три концерти во МКЦ, по следниот распоред:

20 декември – ДЕЦА ИЗ ВОДЕ + ЖИКА ТОДОРОВИЌ – 20 ДЕКЕМВРИ

21 декември – ПСИХОМОДО ПОП

22 декември – ПАРТИБРЕЈКЕРС

И во едно сме сигурни – дека тие три дена во МКЦ ќе се соберат многу генерации, а и онаа која е со нас од самиот почеток и била присутна кога во МКЦ сме ги работеле не само Психомодо Поп и Партибрејкерс, туку и Хаустор, Влада Дивљан и Аll Star band, Забрањено Пушење, Обојени Програм, Рамбо Амадеус, Вјештице и Бабе, Кисмет,Филм и така натаму…

Влезниците ќе бидат во продажба од петок (17ти ноември) од 9 часот наутро на ticketx.mk и ширум продажната мрежа на ticketx низ Македонија по следните цени:

Деца из воде + Жика Тодоровиќ – 600 денари

Психомодо Поп – 700 денари

Партибрејкерс – 700 денари

Покрај единчените влезници, во продажба ќе биде пуштена и блок влезница за сите три настани, по цена од 1.500 денари.

Можеби ова ќе звучи патетично, но за нас, ова враќање во МКЦ, со концерти на артистите со кои сме биле на истото место во 1993та година во моментов има многу поголемо значење од концертот на Amy Winehouse во Белград, Iron Maiden во Белград, Bob Dylan во Скопје и слично…

Затоа што, за да изградиш добра конструкција, која трае веќе повеќе од 30 години, мораш да имаш квалитетна база.

А, реално… се’ започна од МКЦ.

Ваша,

Авалон Продукција

Leave a comment