Врчак по пауза од 15 години се врати на сцена, издаде нова песна со ДНК – Слушнете ја „Посреќна“ (видео)

Врчак, во соработка со Андреј и Панчо од ДНК, издаде нова песна по цели 15 години пауза.

Песната насловена „Посреќна“ беше најавена пред околу еден месец и им разбуди носталгија на фановите, потсетувајќи ги на минатото и хитовите што ги помниме до денес.

„Дами и господа, по пауза од 15 години, утре повторно со вас: Диџеј Шорти ПИ ака Панчо, Андреј ДНК, Врчак…

Слободно кажете на вашата девојка/дечко, сестра/брат, другар/другарка, мајка/татко дека Врчак is back (се врати)“, пишува на вчерашна објава на Фејсбук профилот на ДНК.

Врчак најави и други песни:

„Наскоро ќе излезат две преубави песни (една со Антониа и една со Барбара), а потоа една со Ламбе, па уште една со Андреј и Панчо, а ќе има и други нови“, пишува Врчак на Фејсбук.

„Посреќна“ е објавена денес, 19-ти ноември, и можете да ја слушнете во продолжение:

Leave a comment