Акција АЈДЕ ДА ПОШУМУВАМЕ ЗАЕДНО денеска во Берово на локацијата Будинарски рид

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупо Николовски заедно со градоначалникот на општина Берово, Звонко Пекевски, претставници на ЈП Нацонални Шуми и КБ Пензинско друштво, денеска во беровско на локацијата Будинарски рид се прикчучија кон големата акција за пошумување – АЈДЕ ДА ПОШУМУВАМЕ ЗАЕДНО.

Оваа година преку акцијата АЈДЕ ДА ПОШУМУВАМЕ ЗАЕДНО, си имаме поставено голема цел, пошумување на 1.200.000 садници, во 19 региони, на 36 локации низ државата. Годинешната голема акција за пошумување започна од овој месец и ќе трае се до 31 март 2024 година. Пошумувајќи површина од над 400 хектари со повеќе различни видови садници како бел и црн бор, јавор, багрем, смрча, даб, чемпрез, јасен, костен и ела.

🙂Акцијата АЈДЕ ДА ПОШУМУВАМЕ ЗАЕДНО денеска ја подолжуваме во Берово на локацијата Будинарски рид. Оваа година си имаме поставено цел за пошумување на 1.200.000 садници во 19 региони на 36 локации низ државата.

🌲🌳Со оваа акција пошумуваме над 400 хектари со бор, јавор, багрем, смрча, даб, чемпрез јасен костен и ела. Искрено ме радува и за голема почит е фактот што многу општествено одговорни компании се вклучуваат во оваа акција, Telekom MKHalkbank AD Skopje Dm-Drogerie markt Makedonija – Kapishtec KB Пензиско друштво, потоа ученици од Раде Јовчевски Корчагин, и Орце Николов, Сојуз на извидници на Македонија – Scout Association of Macedonia и здружението Man And Mountain кои покрај учество донираат и садници и опрема.

✅Зелената транзиција за нас е еден од петте клучни приоритети, а пошумувањето една од нашите цели за успешно реализирање на зелените принципи.

📌Првиот дел од акцијата се реализира во текот на овие два месеци, опфаќајќи површина за пошумување од 241 хектар. Започнавме на 10 ноември со пошумување на локацијата Стар Истевник во Делчево, а веќе на 26 и 27 ноември продолжуваме со акцијата на локации во Куманово и Велес.

👍Ги повикувам сите граѓани љубители на природата да ни се приклучат во оваа голема акција за пошумување.

Ајде да пошумуваме заедно, ајде заедно да ги унапредуваме и чуваме шумите.

💚За нас, за нашите деца, за нашата заедничка иднина!” изјави министерот Николовски.

Leave a comment