Доли Партон, американската пејачка и текстописец најпозната по нејзината кантри музика, го издаде својот прв рок албум „Рокстар“, нејзиниот вкупно 49-ти албум.
Албумот е нејзин прв налет во рок води. Содржи дури 30 песни и трае 2 и пол часа, а албумот има прилично импресивна листа на рок икони. Тука се Пол Макартни, Елтон Џон, Џоан Џет, Стивен Тајлер, Ричи Самбора, Стинг, Стиви Никс, Пинк и Деби Хари но има и ѕвезди од поновиот поп жанр, како Мајли Сајрус и Лизо.
Доли Партон ја сними „Let It Be“ со Мекартни, Ринго Стар, Питер Фрамптон и Мик Флитвуд.
„Рокстар“ меша нов материјал со преработки. Партон го најави првиот сингл „World on Fire“ овој мај. Албумот е создаден како реакција на нејзиното воведување во Рокенрол Куќата на славните.
