Боже мој, каков гол: Гарначо со „НОЖИЧКИ“ на деценијата во Англија! (ВИДЕО)

Алехандро Гарначо од Манчестер Јунајтед постигна гол во раната фаза од натпреварот со Евертон, а овој погодок сигурно ќе влезе во конкуренција за ремек-дело на сезоната во англиската Премиер лига, но и воопшто, во англискиот фудбал.

По еден центаршут од десната страна, Гарначо од близина на пеналтикот изведе „ножички“ и ја затресе мрежата на домашниот тим.

Вистинско ремек-дело на фудбалерот на Манчестер Јунајтед, нема збор… Голот на Аргентинецот потсетува на „ножичките“ на Вејн Руни во големото дерби меѓу Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити одиграно во 2011 година.

Leave a comment