Македонскиот фудбалер Бојан Миовски продолжува со одличната форма на клупски план и постигна нов погодок во дресот на шкотски Абердин.
Нова „жртва“ оваа сезона на Миовски е шкотскиот великан Глазгов Ренџерс. Уште во раната фаза од натпреварот во домот на Абердин, Македонецот донесе предност, откако излезе пред голот и силно шутна во долниот агол од голот на „полицајците“.
За Бојан Миовски ова беше единесетти гол во дресот на Абердин оваа сезона во сите натпреварувања.
