![]()
Големата акција за пошумување АЈДЕ ДА ПОШУМУВАМЕ ЗАЕДНО, преку која си имаме поставено за цел пошумување на над 400 хектари со 1.200.000 садници, во 19 региони, на 36 локации низ државата денска ја продложуваме во Велес на локацијата во близина на езерото Младост.
Заедно со министерката за животна средина Каја Шукова, ЈП Национални шуми, здружението Man And Mountain и општествено одговорните компании како наши партнери во оваа голема акција за пошумување, денес на локацијата во близина на езерото Младост, започнуваме пошумување на површина од 23 хекатари, со садници на багрем, јавор и јасен.
Го чуваме и развиваме нашето најголемо природно богатство. Ајде да пошумуваме заедно, да ги чуваме и унапредуваме шумите.
