Основците од семејства со примања под 50.000 денари, ќе добиваат по 1200 денари месечно следните шест месеци. Средношколците ќе добиваат по 1800 денари / месечно.
15 илјади студенти кои студираат надвор од местото на живеење ќе добијат ваучер за превоз во вредност од 600 до 1200 денари месечно, следните 7 месеци.
Во наредните пет месеци, по 2.000 денари ќе добијат корисниците на надоместок заради попреченост, самохрани родители и родители на деца со попреченост до 26 години, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски.
Пензионерите во наредните пет месеци ќе добиваат по 3.000 денари до 14.000 денари, 2.000 денари ќе добиваат пензионерите за оние од 14.000 до 16.000 денари. Пензионерите со примања од 16.000 до 19.000 денари ќе добиваат 1.500 денари помош.
Мерките ќе важат од декември 2023.
Со деветтиот пакет антикризни мерки во вредност од 662 милиони евра, обезбедуваме социјална сигурност, ликвидност на компаниите, закрепнување и развој на економијата. 26 мерки директно насочени кон најранливите категории граѓани, младите, пензионерите,кон компаниите:
1.200 и 1.800 денари месечно во наредните 6 месеци за над 105.000 основци и средношколци
Ваучер за превоз од 600 до 1.200 денари за 15.000 студенти
Финансиска поддршка од 3.000 ден, 2.000 ден и 1.500 денари во зависност од висината на пензијата за над 187.000 пензионери со ниски пензии
Авансна исплата на субвенции за 40.000 земјоделци
Финансиска поддршка од 2.000 денари месечно наредните 5 месеци за над 16.000 социјално ранливи категории на граѓани
Поддршка за 5.000 семејства преку Програмата за енергетска сиромаштија
До 90% субвенционирана цена на електричната енергија за 611.000 домаќинства и 68.000 мали потрошувачи
Субвенционирана цена на парно за 630.000 корисници
Субвенција за сметки за електрична енергија од 1.200 денари месечно во наредните 6 месеци за домаќинства со ниски приходи
Обезбедени средства за исплата на поврат на ддв до 2.100 денари по корсник, за околу 540.000 корисници
492 милиони евра за поддршка на приватниот сектор, за развој на малите и средни претпријатија преку поволни заеми
Субвенционирање на придонесите на нови и постојни вработени, за зголемување на платите на работниците од 3.000 – 9.000 денари
36,2 милиони евра за зголемување на висината на платите во јавниот сектор, преку усогласување со порастот на минималната плата
Над 200 милиони евра во 2023 и 2024 за зголемување на плати во јавен сектор согласно општ колективен договор
Над 270 милиони евра за исплата на зголемените пензии за над 338.000 пензионери во 2023 и 2024 година
