Претседателот на Владата Димитар Ковачевски попладнево се потпиша во
книгата на жалост поставена во основоното училиште „ЈХ Песталоци“,
местото акде што кобното утро Вања не пристигнала на првиот час.
Огромна е тагата која нѐ обвива по загубата на Вања. Изразувам најдлабоко сочувство до нејзиното семејство, до сите роднини и пријатели, до нејзините соученици. Почивај во мир Вања, напиша Ковачевски.
Четиринаесетгодишната Вања Ѓорчевска беше пријавена за исчезната на 27 ноември 2023 година, а по преземени мерки и активности од страна на полициски службеници од СВР Скопје вчера нејзиното тело беше пронајдено во околината на Скопје.
Во ООУ „Јохан Хајнрих – Песталоци“ денеска беше отворена книга на жалост за прерано згаснатиот живот на 14-годишната Вања Ѓорчевска.
