Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски денеска, заедно со заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи и министерката за одбрана, Славјанка Петровска, беше во посета на фабриката за производство на малокалибарска муниција „АТС АММО“ во Самоков.
Премиерот Ковачевски посочи дека „АТС АММО“ е единствената македонска фабрика во земјава за производство на малокалибарска муниција „АТС АММО“, која во минатото беше позната како „Сувенир“ од Самоков.
„Цели 42 години оваа фабрика опстојува на овие простори со долгогодишна традиција и искуство во производството на сите видови на малокалибарска муниција и успеа со својот квалитет да се пробие во светски рамки. „АТС АММО“ е дел од АТС групацијата која е присутна во 56 земји во светот“, рече премиерот Ковачевски, додавајќи дека фабриката работи според НАТО стандарди.
Наменската индустрија, како што посочи премиерот Ковачевски, е само една од областите каде сериозно се вложува преку Законот за финансиска поддршка на инвестициите.
Наскоро АТС АММО ќе започне со сериско производство на четири видови на дронови кои ќе бидат опремени со вештачка интелигенција, кои што ќе имаат висок дострел, кои ќе имаат соодветна носивост да бидат опремени со соодветна опрема, и кои што ќе бидат целосно произведени во Република Северна Македонија согласно сите НАТО стандарди и ќе можеме да ги гледаме во воените арсенали на НАТО земји.
Упатувам огромни честитки, што успеаја една ваква висока технологија да ја развијат тука во Северна Македонија и на ова треба да бидат горди сите граѓани на нашата држава“.
