Јован Митревски ќе биде нов претседател на Собранието на Македоднија

▫️“Извршниот одбор на СДСМ го потврди предлогот на претседателот Ковачевски и кандидат за нов Претседател на Собранието го избра, Јован Митревски, досегашен координатор на Пратеничката група на СДСМ.

▫️Извршниот одбор го задолжи генералниот секретар да спроведе подготовка на Роковник за постапката, начинот и критериумите за избор на кандидат за претседател за претседателските избори, согласно Статутот на партијата.

▫️За Шеф на Централниот изборен штаб на СДСМ, Извршниот одбор го предложи генералниот секретар Миле Зечевиќ Вардарски. СДСМ е подготвена и на изборите оди на двојна победа на претседателските и парламентарните избори. СДСМ ќе го даде победничкиот кандидат за претседател и ќе ја формира идната проевропска Влада.

▫️Претседателот на СДСМ доби овластување за подготвителни разговори и консултации со парламентарните партии за техничка Влада која што е законска обврска.” – објавија од СДСМ

Leave a comment