По дваесет и пет години победничката песна на Макфест 1998 година “Магија”, доби нов модерен поп звук кој веруваме дека силно ќе допре до публиката и песната ќе продолжи да живее кај младата популација.
За песната е направен нов аранжман и целосна продукција од страна на неговиот брат Иван Јованов Ивајо.
Спотот е сниман во Pro Light Studio, во продукција на Урбан Рекордс и добро познатите Гордан Божиновски, Никола Наумовски, а како продуцент на истиот се јавува и самиот Јован.
