Каролина со нова песна и видеоспот наменети за целиот регион „Дај на сунце“ (Видео)

Како што известуваат од Авалон продукција, новиот проект на Каролина Гочева „Дај на сунце’’ кој што е проследен со видеоспот, наменет е за целиот регионален пазар.

Позади песната стои Дино Мухаремовиќ, автор на неколку легендарни песни, како „Додирни ме случајно” од Масимо Савиќ, додека аранжманот е на Дино Шукало, гитарист во бендот на Дино Мерлин и познат сараевски студиски музичар, аранжер и композитор.

Песната е снимена во Сараево, во неговото студиото Модра Ријека во месец октомври, а видео спотот е дело на Миомир Милиќ.

Уживајте!

Leave a comment