За еден месец започнува адаптацијата на училиштето во Љубојно во Центар за промоција на македонскиот јазик

✅️Теренот е подготвен, за еден месец започнува адаптацијата на училиштето во Љубојно во Центар за промоција на македонскиот јазик.

🤝Денеска се сретнав со директорката на Завод и Музеј Битола, Мери Стојанова, со која разговаравме за тековните активности поврзани со реконструкцијата и адаптацијата на старото училиште „Димитар Влахов“, во село Љубојно.

🏫Успеавме проектот за старата зграда, темелот на македонскиот културен и национален идентитет, да го донесеме до фаза на изведба.

Обезбедивме 3️⃣2️⃣,8️⃣ милиони денари во следните две години, за целосна изградба на Центарот за промоција на македонски јазик.

🗂За реализација на овој значаен проект веќе е изработена целата документација и конзерваторски проект, а тендерската постапка за изведувач е во тек и истата треба да заврши идниот месец, по што следуваат градежните активности.

Leave a comment