По 40 години, рехабилитиран регионалниот пат Битола-Меџитлија

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар
Ковачевски, денеска, заедно со министерот за транспорт и врски, Благој
Бочварски, министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска и
директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Ејуп Рустеми, беа
на увид на рехабилитираниот регионален пат  Битола-Меџитлија, чија што
рехабилитација заврши и патот е пуштен во употреба. Премиерот Ковачевски
посочи дека инвестицијата за рехабилитација на овој патен правец во
должина од 12,5 километри е во вредност од 3,28 милиони евра.

“Континуирано вложуваме во инфраструктурата и капиталните инвестиции.

За прв пат по 40 години, оваа Влада го рехабилитираше и го пушти во употреба регионалниот пат Битола – Меџитлија, како дел од Коридорот 10-д.

Со инвестиција вредна 3,28 милиони евра, го модернизираме овој патен правец кој води кон Грција и со тоа отворивме можности за економски перспективи за компаниите и граѓаните од овој регион, но и за целата држава. Целиот Пелагониски Регион добива нов инфраструктурен лик. Се градат повеќето патни правци, а се рехабилитираат и патните правци до помалите места.

Ја реализираме најголемата инфраструктура и патна инвестиција во нашата држава – Коридорите 8 и 10-д. Вложуваме во инфраструктурата, обезбедуваме квалитетен живот за нашите граѓани и со тоа го олеснуваме нашиот пат до ЕУ. Трасираме модерни патишта, трасираме европска иднина!” изјави премиерот Ковачевски.

Leave a comment