„Дејгиди луди млади години“ – нова музичка обработка од Ламбе Алабаковски (Видео)

Ламбе Алабаковски оваа успешна музичка година ја заокружува со
својата верзија на една од, како што вели, неговите омилени македонски
песни „Дејгиди луди млади години“, која веќе е пуштена во етерот.Аранжманот е со потписите на Дарко Димитров и Никола Мицевски,
Димитар Андоновски беше задолжен за виолините, додека Нина Јанева ги пее
придружните вокали. Видеото, пак, кое носи една убава и емотивна
приказна и е снимено во националниот парк „Галичица“ е со потписот на
Зага продукција.

Leave a comment