„Ме сакаш кога ме немаш” е новиот сингл на младата и одлична Лара. Таа новиот сингл го промовираше на својот YouTube канал заедно со одлично подготвениот видео спот од страна на Томислав Живковиќ кој искрено потсетува на 90-те години. Интересно, убаво и досега невидено.
Музиката и тектот се на Лара и Лазар Цветковски кои и овој пат ја изненадија публиката со нешто несвојствено, интересно и недосадно.
Во видео спотот како модел се појавува Филип Додевски. А во продолжение… погледнете го видеото…
