(Видео) Пендаровски го одликува актерот Гоце Тодоровски со Орден за заслуги за Македонија

Претседателот Стево Пендаровски го одликува актерот Гоце Тодоровски со Орден за заслуги за Република Северна Македонија.

„Бард на македонското глумиште и еден од нашите најпочитувани и најпознати актери со извонредна кариера и богата биографија. Препознатлив по ведрината и енергичноста на сцената, но и по неговиот високо професионален однос кон работата“, напиша Пендаровски на Фејсбук.

Тодоровски е еден од шесте добитници на Орден за заслуги. Пендаровски му го врачи заслужениот орден на еден од најпознатите и најпочитувани македонски актери во болницата во која Тодоровски здравствено се опоравува.

Leave a comment