Во текот на изминатата недела од 18.12.2023 до 24.12.2023 година преземени се засилени оперативни мерки и превентивни активности во функција на поголема безбедност на граѓаните:
Приведени се над 50 лица по разни основи: трговија со пиротехнички средства (запленети околу 40.000 пиротехнички средства), за недозволена трговија со дрога, разбојништво, поседување и користење огнено оружје, нарушување јавен ред и мир, непријавен престој во државата, илегална сеча на дрва, предизвикување пожар
По преземени мерки на СВР низ државата како и мобилната единица за безбедност во сообраќајот на патиштата, издадени се 4107 прекршочни платни налози за сторени сообраќајни прекршоци
Остварени се 36 превентивни активности на теми превенција од врсничко насилство и безбедност, сајбер булинг, безбедност во сообраќајот, безбедност на моторни возила , пиротехнички средства и заштита од пиротехника, препознавање, спречување и заштита од насилство врз жени, трговија и употреба на дрога, заштита од кражби, користење зимска опрема, заштита од пиротехника.
Продолжуваме – транспарентно и отчетно! ![]()
