Ковачевски: Пуштен во употреба затворениот базен во Струга, инвестициите во спортот се инвестиции во здрави и напредни генерации

По 20 години целосно е реконструиран и пуштен во употреба затворениот базен во Струга.

Базенот е целосно реконструиран како дел од проектот на Агенцијата за млади и спорт – „Изградба на 14 пливачки базени во Република Северна Македонија“, со буџетски средства во износ од 1,6 милиони евра.

Во тек е изградбата на базените во општините Ѓорче Петров, Кисела Вода, Кичево, Битола, Карпош и Штип, чијашто изградба треба да заврши во текот на 2024 година.

Во наредните две години базени ќе добијат и Струмица и Кавадарци, додека новиот базен во Тетово е завршен и предаден на Општината.

Leave a comment