Тутунскиот комбинат Прилеп донесе одлука да ги зголеми за 10% цените за откуп на тутунот од веќе договорените цени

Одлични вести за тутунарите вечерва.

Работевме, и докажавме на дело преку конкретни мерки дека се грижиме за секој земјоделец. Тутунарите никогаш не биле оставени сами ниту некогаш ќе бидат оставени.

✅На вчерашната седница, бордот на директори на Тутунскиот комбинат Прилеп донесе одлука да ги зголеми за 10% цените за откуп на тутунот од веќе договорените цени.

✅Дополнително како министерство планираме зголемување на субвенциите за дополнителни 20 до 30 денари, по класи за предаден тутун, со кои првата класа ќе достигне поддршка од 100 или 110 денари,ставајќи го на располагање повторно истиот буџет од 26 милиони евра.

✅Во 2024 година за тутунарите, покрај субвенционирањето по класи, даваме нова можност за поддршка креирајќи нова мерка за основна субвенција по пријавена површина во висина од 6.000 денари по хектар. Сите тутунопроизводители ќе можат во исто време заедно со другите земјоделци да аплицираат и да пријават површини по хектар и на овој начин да го стекнат правото за оваа нова мерка, основна субвенција од 6.000 денари по пријавен хектар.

✅За прв пат тутунарите го остваруваат и правото за аплицирање за зелена нафта, мерка која исто така од 2024 година ја зголемуваме со 100% поддршка за сите земјоделци.

✅Она што исто треба тутунарите да го знаат е дека како министерство за оваа реколта 2023 година, каде што имаме законска обврска да дадеме мислење за согласност на Сојузот на земјоделски здруженија, каде што се задржува одреден процент од откупот на тутунот, од секој тутунопроизводител за поставување на повереници, оваа задржување го намаливме од 0,35% на 0,25% со што значи дека на секој тутунопроизводителите ќе се задржува помалку пари.

✅Евидентните бели картони, сложената процедура и линеарната исплата од 60 денари по килограм за тутунот, денес се минато.

Тутунарите ова го знаат и паметат. Знаат дека како министерство сме биле тука, секогаш кога е најпотребно, да го помогнеме секој еден земјоделец. Така е и сега. Заедно и оваа година ќе имаме уште еден успешен откуп на тутунот, почитувајќи и вреднувајќи ја маката на тутунопроизводителите, напиша министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство Љупчо Николовски на фејсбук.

Leave a comment