Вевчанскиот карневал годинава поддржан од државата со 1,8 милиони денари

Министерката за култура, Бисера Костадиновска- Стојчевска и
градоначалникот на Oпштина Вевчани, Спасе Кочовски , денеска потпишаа
договор за финансирање на оваа најстара карневалска манифестација во
земјава и воедно наш бренд, за кој има интерес и во регионот и во
светот.

“Со 1.8 милиони денари за „Вевчанскиот карневал 2024“ ја зацврстуваме македонската културна вредност која трае и која со својата автентичност е препознаена во Европа и во светот.

Задоволство ми е што денеска со градоначалникот на Вевчани, Спасе Кочовски го потпишавме Договорот за годинешното издание на карневалот потврдувајќи ја уште еднаш подготвеноста на Министерството за култура за поддршка на проекти кои се македонски бренд, но и подготвеноста за отворен и креативен дијалог со нашите корисници.

Ги поддржуваме вевчанци кои имаат посебен дух и гостопримство, посебна креативност, духовит и критичен однос кон општествените случувања, кои од година в година се попривлечни и поатрактивни за светските медиуми и за гостите од регионот и од Европа.

Почестена сум што од денеска имам и вевчански пасош со кој станав дел од посебното и единствено вевчанско семејство, од Општината – држава Вевчани, како што си ја нарекуваат локалните жители, а по нив и сите ние” напоша Министерката на ФБ..

Вевчанскиот карневал традиционално се одржува за празникот Василица, од 12 до 14 јануари.

Leave a comment