Претседателот на Собранието на Саудиска Арабија Мухамед АлШеикх на средби со Пендаровски

Делегација предводена од Абдулах Бин Мухамед АлШеикх, претседател на Собранието на Кралството Саудиска Арабија – Меџлиси Ал Шура денеска оствари средба со претседателот на државата Стево Пендаровски.

Претседател на Собранието на Кралството Саудиска Арабија Мухамед АлШеикх во земјава ќе престојува до петок.

Пендаровски – Средба со Абдулах Бин Мухамед АлШеикх, претседател на Собранието на Кралството Саудиска Арабија, држава со која имаме пријателски односи со меѓусебно разбирање. Во контекст на важната позиција на Саудиска Арабија во арапскиот свет, нагласив дека ја цениме улогата на Кралството Саудиска Арабија во напорите за стабилизација во регионот на Блискиот Исток.

Истакнав дека за сите безбедносни прашања во Европа и на Блискиот Исток усогласени сме со позицијата на ЕУ и ги координираме своите политики во рамките на ЕУ и со земјите – партнери во НАТО.

Leave a comment