Суперхикс ја промовираа новата песна „Како боли“

На неколку дена пред самиот дочек на Новата 2024-та година, позната македонска поп-рок група Суперхикс ја промовираа својата најнова песна „Како боли“ заедно со видеоспот. Музиката и аранжманот се на членовите на Суперхикс, додека текстот за оваа песна го подготвија Дарко Попов и Борис Минов. Песната е снимена во студиото „Тра Ла Ла“, под продуцентска палка на Мите Димовски.

Leave a comment