Групата „Нокаут“ деновиве ја промовираше новата песна „Месечевиот сјај“, која е отпеана во дует помеѓу вокалот на бендот, Никола Перевски-Пере и неговата ќерка, Михаела Миа Перевска и самата придружен вокал во бендот.
„Досега ја слушавте како придружен вокал на нашите песни и на нашите концерти, а сега и во дует со нејзиниот татко Пере. Задоволство ни е да ја промовираме оваа соработка помеѓу бендот и Миа Перевска со најновиот сингл ‘Месечевиот сјај“. Уживајте како што ние уживавме дур ја правевме песната“ – порачауваат од “Нокаут“.
Музиката за песната ја напиша Никола Перевски, кој е автор и на аранжманот заедно со Миа Перевска. Текстот го напишал Дуке Бојаџиев, а пост-продукцијата и мастерингот ги изработил Дарко Димитров.
Како звучи заедничкото семејно-музичко дело на таткото и ќерката, проследете во музичката видео – прошетка на Миа и Пере од „Нокаут“ под „Месечевиот сјај“, во продолжение:
