ВИДЕО | Антониа Гиговска со нова песна: Баладата „Мразам што те сакам“ ја промовираше на нејзиниот роденден

Македонската поп пејачка Антониа Гиговска синоќа го прослави 23-от роденден. По повод роденденот, Антониа објави серија фотографии на својот профил на Инстаграм, со кои го обележа специјалниот ден.

А, на големо задоволство на нејзините обожаватели, пејачката одлучи на истиот ден да ја промовира и својата нова песна, баладата со наслов „Мразам што те сакам“.

Таа на својот инстаграм-профил објави краток запис од видеоспотот за оваа емотивна песна. Инаку, текстот за „Мразам што те сакам“ е на раперот Тајзи, а музиката и аранжманот се на продуцентот Лазар Цветковски.

  • „За мојот 23. роденден сакам да ви ја подарам мојата омилена балада што стоеше во фиока од 2021 година. Ви ја должев, нели?“, напиша таа покрај краткото видео објавено на Инстаграм.

Видеозаписот за оваа балада е објавен и на официјалниот јутјуб-канал на пејачката.

Leave a comment