Државниот пат Крива Паланка – ГП Деве Баир пуштен во употреба

Денеска официјално се пушти во употреба државниот пат А2 Крива Паланка – ГП Деве Баир. Инвестицијата е вредна 12,2 милиони евра, грант средства обезбедени од 2,4 милиони неповратни средства и заем од Европската банка за обнова и развој.

Покрај целосната рехабилитација, доградена е и трета лента до ГП Деве Баир. Овој државен пат е дел од европскиот Коридор 8.

👍Завршуваме уште еден од многуте капитални проекти кои играат важна улога во поврзувањата на североистокот и поврзувањето на државата со соседните држави.

🛣️Патниот правец Крива Паланка – граничен премин Деве Баир е една од најбитните делници како за регионот, така и за целата држава бидејќи нѐ поврзува со соседна држава и токму на овој пат се одиваат најголемиот дел од патувањата на патниците, но и транспортот на материјалите и стоките наменети за извоз.

✅Со овој проект ја комплетираме целата делница која минува низ Коридорот 8 и која што во изминатиов период беше целосно реконструирана, односно беа завршени делниците Куманово – Страцин и Ранковце Крива Паланка.

✅Активно инвестираме во истокот и североистокот, градежната експанзија се гледа во секој сегмент, активно се инвестираат околу 115 милиони евра за подобрување на магистралните патишта како овој тука, изградба на експресен пат од Страцин до Крива Паланка, изградба на железницата кон Деве Баир, проект кој се работи после подолги години на застој.

🙂Денес мора да кажам дека ми е посебно драго што отвараме рехабилитран магистрален пат во Крива Паланка, каде што изминатава година реализиравме десетици проекти од локална патна мрежа, а преку владините програми инвестиравме повеќе од 260 милиони денари во инфраструктура и други капитални обекти.

✅Успешно изградивме селски патишта, реконструиравме 11 градски улици, инвестиравме во спортот, културата, ставивме акцент и на руралниот и на урбаниот развој.

👉Работиме за да обезбедиме подобар живот за граѓаните на државата, подобар стандард, за организирано општество и подготвена заедница, обезбедуваме развој на секој поединец бидејќи така се гради успехот на граѓанството и успехот на државата.

✊Продолжуваме со нови проекти за нови успешни градежни офанизиви”, посочи министерот Николовски за денешниот настан.

“Инвестициите во инфраструктурата се влог во нашата европска иднина.

Денеска и официјално го пуштивме во употреба рехабилитираниот пат Крива Паланка-Деве Баир, во кој инвестиравме 12,2 милиони евра обезбедени преку грант на ЕУ и поддршка преку ЕБОР.

Со реконструкцијата и рехабилитацијата на овој клучен патен правец, дел од Коридорот 8, овозможивме побрзо и побезбедно патување до граничниот премин Деве Баир во рамки на нашите заложби за регионално поврзување.

Се поврзуваме со регионот и светот, Северна Македонија станува клучен транзитен центар. Создаваме држава со модерна патна инфраструктура каква досега не е изградена.

Преку инвестициите во патната мрежа, создаваме услови за нови бизниси, нови работни места и нови европски можности кои се зголемуваат со Планот за раст за Западен Балкан, којшто ќе обезбеди забрзан напредок на регионот и побрзо вклучување на заедничкиот европски пазар”, посочи премиерот Ковачевски за денешниот настан.

Leave a comment