“Ја остваривме визијата, имаме Национален џез оркестар.
Вечерва пријателите на џезот, вљубениците во звукот на слободата и инспиративната моќ на импровизацијата максимално уживаа во првиот официјален концерт на новоформираната национална установа од областа на културата, Џез-оркестар.
Имаме плодни македонски џез-автори од различни генерации, имаме исклучителни џез-изведувачи, кои убедена сум, ќе посегнат и кон врвот на светската џез-сцена. Како Министерство за култура и јас како министерка, ќе ги поддржиме и на тој пат.
Со благодарност кон основоположниците на овој жанр, од име на сегашната генерација и на младите кои се школуваат за овој музички стил, посакувам уште многу концерти и настани кои ќе ја радуваат македонската публика и кои ќе ја облагородуваат културната сцена во нашата држава.
Честитки!”, посочи министерката Костадиновска Стојчевска за денешниот настан.
