Премиерот Димитар Ковачевски го најави почетокот на изградбата на модерен логистички и дистрибутивен центар на Лидл во нашата држава.
„Создаваме услови за нови инвестиции и нови можности за сите.
Северна Македонија станува дел од големото семејство на трговскиот ланец Лидл, препознатлив во регионот и светот по својот квалитет и цена.
Со инвестиција од 80 милиони евра во изградба на современ логистички и дистрибутивен центар во индустриската зона во кумановска Речица, Лидл планира најголема и долгорочна инвестиција во државава.
Оваа инвестиција е потврда за нашите политики со коишто овозможуваме поволен деловен амбиент за инвеститорите и нови и подобро платени работни места. Со тоа го стимулираме развојот на нашата економија и нашето подобро позиционирање на регионалниот и европскиот пазар.
Работевме напорно за да ја донесеме Европа дома и тоа и ќе го оствариме заедно, обединети во концептот за просперитетна европска иднина!“ рече Ковачевски.
