#СДСМ има подобар резултат од ДПМНЕ на секое поле, пред се во економијата, платите, пензиите, инвестициите, тоа се факти.
Просечната плата во време на ДПМНЕ изнесуваше 360 евра. Просечна плата денеска, во време на СДСМ изнесува 630 евра. Дури за 270 евра повеќе. СДСМ ја зголеми минималната плата за 120%.
Просечната пензија денес е за 6.400 денари поголема во однос на 2016 година. Среде глобална економска криза, овозможивме раст на платите, пензиите и животниот стандард.
Поддршка на државата кон домашните компании во 2017 година во времето на ДПМНЕ беше 0 денари. А СДСМ обезбеди рекордна поддршка за домашните компании, од 100 милиони евра за поддржа на 919 домашни компании за нивните инвестициски циклуси.
Невработеноста во време на ДПМНЕ изнесуваше 25%. СДСМ успеа да ја преполови и денеска невработеноста изнесува под 13%.
Претседателот Димитар Ковачевски на отворањето на промотивната канцеларија на #СДСМ во центарот на Скопје.
