Николовски ги презентираше мерките за лозарите 2024

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски пред лозарите на денешната средба во Кавадарци, ги претстави новите мерки предвидени за поддршка на секој еден земјоделец за оваа 2024 година.

🤝🍇Традиционално и оваа година до празникот Св.Трифун лозарите ќе ги добијат дополнителните субвенции, или 28.000 денари. Покрај овие средства исплатени ќе бидат и 12.000 денари по хектар дополнителна поддршка за претрпени штети по лозовите насади, до секој лозар и за винско и трпезно грозје. Вкупна дополнителна поддршка од 40.000 денари, по хектар, што лозарите може да ја очекуваат на своите сметки до Св.Трифун.

👉Нашата искрена грижа за овие два важни сектори ја потврдуваме и со подготвениот нов закон за вино. Закон што на лозарите конечно им дава гарантирана откупна цена на винското грозје. Закон кои го отцртува идниот развој на овие важни сектори и предвидува нова посебна програма за поддршка.

✅Како што ветивме, од оваа година поддршката за мерката зелена нафта ја зголемуваме на 100%, за сите земјоделци. Лозарите сега добиваат 9.600 денари по хектар поддршка за зелена нафта.

✅Оваа 2024 година, со нови мерки до поголема поддршка на лозарите и за остварено производство на грозје. 60.000 денари по хектар, вкупна поддршка, за семејни земјоделски стопанства, кои го произвеле и продале винското грозје, врз основа на склучен договор со регистриран производител на вино, најдоцна до 30 април 2024 година, со принос од најмногу 10.000 килограми по хектар и исплатена цена по килограм не пониска од 35 денари. Од кои, 12.000 денари авансно и 48.000 денари дополнителна поддршка.

✅Поддршка за лозарите, преку програмата за рурален развој, обезбедуваме во зачувување на нашата македонска автохтона винска лоза Станушина, во висина од 5.000 денари, по хектар.

👍На денешната средба со лозарите во Кавадарци реков дека за мене нема ништо поубаво и ништо подобро од тоа што можам секој да го погледнам во очи, гордо и без срам да кажам дека дадениот збор сум го одржал.

🎯Дали можеме повеќе?

Да, можеме, и да, мораме.

Многу работи направивме заедно и уште повеќе можеме да направиме во наредниот период. Да продолжиме заедно!” истакна министерот Николовски

Leave a comment