(Видео) Студенти од УКИМ со првиот македонски болид на светски натпревар

Кога ќе се спомне Формула, првата асосцијација за љубителите на трки во земјава се телевизиските преноси, зашто малцинство се оние што можат да си дозволат лично да бидат на трибините на таков натпревар Но, во зградата на Машинскиот факултет, работи една група студенти чии соништа одат многу подалеку. Го прават првиот македонски болид надевајќи се дека тоа ќе ги одведе до конструкторските и механичарските тимови во Формула.

Првиот македонски тркачки автомобил во стилот на Формула 1 е на пат да излезе од лабораторијата на Машинскиот факултет при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје. Тимот Macedonian engineering students составен од дваесетина студенти од различни насоки на техничките факултети околу една година работи на создавање на болидот.

Со возилото тие првпат ќе учествуваат на „Формула студент“ – глобален натпревар кој се одржува на дисперзиран начин во 22 земји. Целта му е да ги поттикне студентите да дизајнираат, конструираат и да се натпреваруваат со тркачки автомобили.

Leave a comment