…ГИ ОХРАБРУВАМ И ДРУГИТЕ МЛАДИ НЕ ВЕДНАШ ДА ГО БАРААТ ПАТОТ НАДВОР ОД МАКЕДОНИЈА…
Руфија Идризовска е прогласена за најдобар дипломиран студент на Природно-математичкиот факултет при УКИМ во Скопје и на Институтот за хемија (применета хемија-аналитичка биохемија). За време на своите студии успеа да оствари импресивен просек од 10,00. Успехот не е случаен, тоj доаѓа како резултат на напорна работа, упорност, учење, студирање, пожртвуваност и најмногу од сè – љубов кон она што го правите или сакате да го правите.
