(Видео) Миовски не запира – гол и против Ренџерс!

Бојан Миовски ги поминува најдобрите денови во својата кариера. Македонскиот напаѓач во саботата постигна спектакуларен погодок против Селтик, а вчера негова жртва беше уште еден шкотски гигант. 

Во самиот финиш од првото полувреме на „Ајброкс“ против Глазгов Ренџерс, Миовски повторно донесе радост за фановите на Абердин и го постигна својот тринаесетти овосезонски погодок во Премиер лигата. Нашиот ас по една долга топка прво му побегна на директниот чувар, а потоа одлично се загради и со прецизен удар ја погоди целта за 1-1.

  • Голот на Миовски против Глазгов Ренџерс на 2:20 од видеото: 

Leave a comment