Миовски гази сè пред себе: Даде нови ДВА гола за Абердин (ВИДЕО)

Македонскиот напаѓач, Бојан Миовски гази сè пред себе во шкотскиот фудбал. Еден од најдобрите наши фудбалери одново е во центарот на вниманието на островската јавност, откако постигна два нови гола за својот Абердин. 

На натпреварот од Шкотскиот Куп, Македонецот за само осум минути двапати ја стресе мрежата на Бонириг Роуз и му донесе комотна предност на својот тим од 2-0. 

Нашиот голгетер резултатот го отвори во 17 минута, а потоа во 25 стрелаше уште еднаш и ја потврди фантастичната форма во која игра во овој дел од сезоната.

За потсетување, Миовски во претходните седум дена им ја стресе мрежата и на гигантите Селтик и Глазгов Ренџерс, што значи е во серија од четири гола во дресот на Абердин. 

Leave a comment