Бесплатни возачки и сообраќајни за граѓаните!

На иницијатива на министрите од СДСМ Владата денеска донесе одлуки со кои се овозможува бесплатна замена на возачките и сообраќајните дозволи, како и бесплатни патни листови за сите кои живеат надвор од нашата земја, а кои имаат потреба да се вратат за да извадат патни исправи.

Овие важни одлуки за граѓаните ги подготви работна група која ја предводеше потпретседателот на СДСМ и вицепремиер, Фатмир Битиќи, а во која учествуваа и претставници од Министерството за внатрешни работи (МВР), Министерството за надворешни работи(МНР) и Министерството за финансии(МФ).

Митко Бојмацалиев – “Бесплатни возачки и сообраќајни за граѓаните!

На денешната седница на Владата се донесе одлука со која МВР се задолжува да ги издава од утре возачките дозволи кои се со старото име на Република Северна Македонија и сообраќајните дозволи исто така со старото име на Република Северна Македонија, на товар на МВР. Одлуката е денеска донесена на Влада, службите во МВР ги изготвуваат сите наши интерни акти кои ќе бидат потпишани од моја и од страна на министерот за внатрешни работи.”

Leave a comment