Битиќи – “Трудот на вработените достоинствено е платен, просечната плата за декември 2023 година се зголеми на 40.000 денари (или точно 39.998 денари), што е за 16,4% зголемување во однос на декември 2022 година, кога изнесуваше 34.364 денари. Како резултата на владините економски политики кои даваат приоритет на заштитата и подобрувањето на животниот стандард на сите граѓани, за една година просечната плата се зголеми за 5.634 денари.
Ова зголемување доведе до зајакнување на реалната куповна моќ. Во истиот месец стапката на инфлација изнесуваше само 3,6%, што значи дека процентот на растот на платите на околу 540 илјади вработени е за четири и пол пати поголем од растот на трошоците. Секој работник го има добиено својот фер дел за неговиот труд.
Во септември 2020 година мандатот го започнавме со ветување дека просечна плата од 27.405 денари ќе ја зголемиме за 30%, односно дека ќе изнесува 35.000 денари. Ова ветување кон граѓаните го исполнивме уште минатата година во март, а сега, согласно последните податоци на Државниот завод за статистика(ДЗС) за декември, сме постигнале резултат кој е повисок за 16 проценти поени од тоа што сме го ветиле, сме ја зголемиле просечната палта за четири години за 46% или за речиси 14.000 денари(или точно 13.986 денари)
Создадовме силна економија која создава подобри можности за нашите граѓани, која никого не остава зад себе, сигнализирајќи уште посветли денови на финансиска сигурност и достоинство.”
