Претседателот на СДСМ, Ковачевски вечерва заедно со раководството на партијата и симпатизери на СДСМ, го отворија Штабот во Штип

Соопштение од СДСМ:

Претседателот на #СДСМ, Димитар Ковачевски вечерва заедно со раководството на партијата и членови и симпатизери на СДСМ, го отворија Штабот на СДСМ во Штип.

💬 Тоа што сте вечерва тука во вака голем број е порака од Штип и целиот македонски исток дека напредокот на земјата мора да продолжи, нема враќање назад, нема застанување. СДСМ е погодтвен и одиме на двојна победа на претседателските и парламентарните избори. СДСМ никогаш не се водела од партиските или лични интереси, ние се залагаме и носиме одлуки за општо добро на нашите граѓани, да им обезбедиме квалитетен живот на сите генерации, да обезбедиме економски просперитет на државата, рече Ковачевски.

Leave a comment