“Со претседателот Зеленски разговаравме за последниот развој на настаните во Украина и продлабочување на соработката со цел враќање на територијалниот интегритет на Украина во рамки на нејзините меѓународно признаени граници.
Како земја изразуваме целосна поддршка за правото на Украина на самоодбрана и ќе продолжиме да го поддржуваме украинскиот народ во рамки на сите меѓународни акти и механизми.” објави Претседателот Пендаровски.
