Мајли Сајрус ја објави песната Doctor (Work It Out) која ја сними во соработка со Фарел Вилјамс и ги воодушеви своите фанови.
Досега е преслушана повеќе од три милиони пати на YouTube. Во коментарите под видеото има бројни коментари од обожавателите, а многумина се согласуваат дека оваа песна би можела да постигне популарност како хитот Flowers, за која 31-годишната пејачка неодамна доби Греми.
