ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ!
“Почитувани,
Поради невообичаено високите температури и недостатокот на снег на ски патеките во Ски-центарот “Попова Шапка”, а следствено на тоа и релативно кратката сезона 2023/2024, Ве известуваме дека сите досега набавени сезонски ски-билети ќе важат и за следната ски-сезона 2024/2025.
Ви благодариме на разбирањето!”, напишаа од ски центарот. Веќе следниот ден и од ски центарот Нижеполе излегоа со исто соопштение:
“Известување
Поради невообичаено кратката скијачка сезона како последица на исклучително топлото време измината зима, Ве известуваме дека набавените годишни ски-карти за скијачката сезона 2023/2024 година ќе важат и за следната сезона 2024/2025 година.
Ви благодариме на разбирањето”
